Ве известуваме дека на 21.12.2021 година Одборот на директори на Берзата донесе заклучок за внесување на издавачот Сковин АД Скопје на „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација.
Внесување на друштвото Сковин АД Скопје на „Листата за набљудување“ е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради тоа што банкарската сметка на друштвото е блокирана како и поради тоа што друштвото во периодот 01.01.-30.09.2021 година нема деловна активност.